Скопска премиера на „До балчак“

Најновиот македонски филм „До балчак“ премиерно во кино Милениум.

do_balcak_film_stole_popov

 

Сабота (18 октомври), 21:00 часот, во најголемото градско кино Милениум, ќе се случи скопската премиера на филмската продукција „До балчак“ во режија на Столе Попов, со Инти Шрај, Мартин Јорданоски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Искра Ветерова, Никола Којо, Сенко Велинов, Никола Ристановски во главните улоги.

Приказната е веќе прераскажана и добро позната, љубовен четириаголник помеѓу различен профил на ликови, кој локациски се случува на „дивиот исток“, односно во Македонија, а временски е лоциран во почетокот на минатиот век…

По „Тетовирање“, „Џипси Меџик“, „Среќна нова ’49“…, уште едно во низата ремек дела на фантастичниот Столе Попов, чии филмови „на големо“ се прераскажуваат во чаршиските кулоари, а чии филмски реплики се веќе неразделив дел од скопскиот маалски речник.

По премиерата, филмот ќе биде на редовниот репертоар на кино Милениум во термините од 20.00 и 23.00 часот.

You May Also Like