Велигденска изложба во Средното уметничко училиште

Државното средно училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ – Скопје ќе има изложба на која ќе бидат претставени дела на учениците од училиштето, а инспирирани од претстојните Велигденски празници, изработени во најразновидни материјали и техники: порцелански и гипсани јајца, икони, цртежи, слики…

Покрај изложбата, во рамките на оваа свеченост ке бидат:
– Промовиран новиот мурал, изработен во училишниот хол, насловен како „Долап“ (според познатото дело на нашиот патрон, Лазар Личеноски), а изработен од учениците од одделот за Применето сликарство.
– Промоција на официјалната Веб страна на училиштето.
– Промоција на новиот оддел Мултимедија.

Со воведувањето на новиот оддел Мултимедија и воопшто новите наставни програми, училиштето ќе прерасне во лидер во регионот, а воедно образувањето на вакви кадри ќе се вклопи во новите дизајнерски форми како и потреби во пазарот на трудот. Одделот Мултимедија претставува голем исчекор нанапред во светот на дигиталната уметност или уметност во која главна алатка е компјутерот.

Изложбата ќе се отвори на 02 мај 2013 година (четврток) во 12:00 часот. Изложбата е од продажен карактер.

 

You May Also Like