Битолскиот Завод и музеј ја доби наградата „Микелети“

Наградата која ја доделува Европската музејска асоцијација за новини и развој на музеолошката дејност, а во Аусбург, Германија, им ја врачи принцезата Сибила од Луксембург, која е членка на Европската музејска асоцијација. Првата награда ја освои Музејот од Глазгов, Велика Британија, а Истанбулскиот музеј доби специјална награда.

Во конкуренција биле 60 музеи, а битолскиот бил единствен од Балканот. Жирито составено од музеолози оценувало колку се иновативни програмите за интерактивност со посетителите и колку при тоа се користат модерни технологии.

Високо рангирана меѓу другото била и грижата за посетителите што Заводот имузеј од Битола ја води преку интерактивната веб-страница каде има можност за виртуелна посета.

content/uploads/2011/09/zavod-i-muzej-bitola.jpg

 

You May Also Like