Заврши првиот Т’к – Так фест 2012

Визија, No fun и Funk Shui се победници на првиот Т’к-Tак фест  што на 29 и 30 јуни се одржа во Кавадарци, а беше посветен на прерано починатиот музичар и тапанар Трајко Каров. Гран-при наградата за најдобар тапанар ја доби тапанарот на групата Hypnotic Wave.

Првата фестивалска вечер беше вечер на големи македонски рок имиња кои свиреле или соработувале со Трајко Каров: Автограм, Триангл, Мики Јовановски – Џафер, Зијан, Трн во око, Пу (Лева Патика), Игор Џамбазов, Венко Серафимовски, Дамјан Пејчиноски и други.

Втората вечер беше посветена на нови бендови кои ќе се бореја за вредни награди обезбедени од организаторите на фестивалот – Домот на културата „Иван Мазов – Климе“, Градоначалникот Александар Панов и Советот на Општина Кавадарци.

You May Also Like