Изложбата „Божествена љубов“ на акдемскиот сликар Новица Трајковски што неодамна беше отворена во Домот на културата во населба Илинден, ќе биде продолжена.
На изложбата се претставени педесетина дела на Трајковски, кој е роден и живее во Општина Илинден, па оттука и најновите теми во неговото творештво се поврзани токму со неговото родно место.
Новица Трајковски е познат по тоа што слика во циклуси и тематски серии, какви што се досега афирмираните циклуси „Меѓу сонот и јавето“, „Од очите н ангелот“, „Будење“, „Патници“, „Пат“, „Извор“ и „Љубов“.
Изложбата „Божествена љубов“ е првиот културен настан во новиот дом на културата во Илинден.