Децата од градинката „Буба Мара“, клон „Пчелка 2“ вчера (16 септември 2014 година) со посета на Општина Аеродром го одбележаа Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка.
По тој повод беа организирани неколку работилници, на кои се пишуваа пораки, преку кои се апелира за подигнување на свеста кај луѓето за чување на планетата Земја, заштита на животната средина и почиста околина.