„Волшебна Македонија“ на Трето уво награден во Италија

Филмуваниот проект „AMAZING MACEDONIA“ (Волшебна Македонија)  во продукција на Трето Уво освои специјална награда за  особено квалитетен придонес во културолшка, историска и амбиентална презентација на Македонија, на јубијлејниот 50-ти Меѓународен фестивал за туристички филмови што се одржа од 20 до 24 јуни во Лече, Италија.

 

Во конкуренција од вкупно 313 филмови од 51 земјa од целиот свет, нашиот филм предизвика особено внимание и беше поздравен со огромен аплауз од бројните новинари од медиуми од сите делови од светот, угледните гости и домаќини на најстариот фестивал на туристички филмови во светот.

Ова е нова, продолжена верзија на „Волшебна Македонија“ и веќе четврто меѓународно признание за помалку од една година.

You May Also Like