Маратон на културите

Денеска (среда, 4 јули) во 10:30 часот, 60-тина учесници во МАРАТОНОТ НА КУЛТУРИТЕ од Дрезден (СР Геманија), ќе поминат  низ портата Македонија.

Вчера маратонците, трчајќи ја поминаа границата на Македонија, на граничниот премин Деве Баир, преку Крива Паланка кон Куманово. Утрово тргнаа од Куманово и трчајќи по автопатот ќе стигнат во Скопје.

Маршутата на трчање ќе води од влезот на Скопје, населба Ченто, по булеварот „Александар Македонски“, па ќе скршнат лево кај клучката кај Хотел „Континентал“, на семафорите кај Саем ќе свртат десно и ќе продолжат да трчаат по булеварот „Гоце Делчев“, па на раскрсницата кај судската палата, ќе свртат во лево. Откако ќе ја истрчаат трасата  на бул „Кочо Рацин“, на семафорите кај Црвен Крст на Град Скопје, ќе свртат десно и поминувгајќи го булеварот „11 Октомври“ покрај Собранието на Р.М, ќе стигнат и во 10:30 часот, ќе поминат низ Портата Македонија.

Маратонците ќе трчаат по десната коловозна лента со придружба од две полициски возила, а сообраќајот на сите улици од маршутата ќе се одвива непречено.

Саксонските спортисти, граѓани на Дрезден, ова лето ќе дадат свој придонес во актуелното разбирање помеѓу народите во Европа. 60-те маратонци тргнаа од Саксонскиот главен град Дрезден на 23 јуини, продолжија преку чешкиот збратимен Град Острава, потоа преку Словачката Република, Унгарија, Србија и Бугарија, па се до Скопје-збратимениот град на Дрезден.

You May Also Like