Забрана за движење во парк-шумата Водно

Градот Скопје ги информира граѓаните дека од утре (четврток, 25 август 2011 година) се воведува забрана за движење во рамките на парк-шумата „Водно“ во периодот од 17 до 07 часот, што е во согласност со Одлуката на Владата на Република Македонија за целосна забрана за движење во шумите и шумските појаси на целата територија на Македонија, освен за вработените во претпријатијата што вршат сеча.

Целта на забраната е да се спречи појавата на пожари поради топлотниот бран што ја зафати нашата земја.

Во согласност со забраната, Градот Скопје информира дека и жичарницата што води од Средно Водно до Милениумскиот крст, нема да биде достапна за граѓаните, во период по 17 часот.

Забраната за движење во парк-шумата „Водно“ во наведеното време ќе трае до 3 септември.

You May Also Like