Вечерва (среда, 16 мај 2012 година) во организација на Кооперација ќе може да ја проследите изложбата насловена како „ЕПП/економско пропагандни пораки“ на ул. 9-ти Мај, локал 3, со почеток во 20:00 часот (изложбата ќе трае три дена).
Ќе се претстават следните автори: Ѓорѓе Јовановиќ, ОПА, Игор Тошевски, Филип Јовановски, Никола Узуновски, Христина Иваноска, Јане Чаловски, Велимир Жерновски, Инес Ефремова, Владимир Лукаш.
„Популарната култура е нашето секојдневие. Почнувајќи од филмови, телевизија, стрипови и реклами до облеката што ја носиме и јазикот што го говориме. Дефинирана како „уметност на масите’“, поп културата придонесе границите помеѓу естетиката на кичот и таа на „високата уметност“ сосема да избледат.Во директен судир со консумеризмот и турбо-поп машинеријата, ЕПП е обид да се протолкуваат приказните за верувањето, митовите, иконите и херојските идеали преку кои постојано се реафирмираат вредностите на општеството во кое битисуваме“, велат артистите за вечервашниот настан.