Ново издание на Job Fair на Бест Скопје – Чекор поблиску до твојата кариера

Петнаесет години успешна соработка со најуспешните компании во нашата земја како и нивно поврзување со најдобрите студенти од техничките факултети.

Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје со особена чест го најавува петтнаесетиот по ред „Саем за вработување и кариера – Job Fair 2019“, кој ќе се одвива во периодот помеѓу 06.05 – 09.05.2019 година.

Ова јубилејно издание на Саемот за кариера ќе биде со негово традиционално одржување во холот на Техничките факултети каде што ќе ја имате шансата да ја почуствувате атмосферата на можности и идни остварувања.

На добро познатото место повторно ќе се сретнете со компании кои се подготвени да ве запознаат со нивниот начин на работа, можности за пракса како и идни вработувања.

Саемот за вработување и кариера Јоb Fair низ текот на годините на амбициозните студенти им овозможи да се поврзат со повеќе од 30 компании од индустријата и IT секторот.

Но, успехот на овој настан не завршува тука бидејќи покрај информираноста и вмрежувањето на студентите, самиот Јоb Fair и ден денес е причината за бројни успешни кариери кои започнале со испраќање на CV до дата базата на БЕСТ Скопје со која располагаат компаниите учеснички во текот на целата година.

Што може да очекувате на овогодинешниот Job Fair 2019?

  • Да ги сретнете штандовите на компании како: MCA, Allocate Software, Netcetera, Altarо и многу други.
  • Предавања од страна на компаниите, за што се заинтересирани и што можат да ви понудат.
  • Шанса да се запознаете лично со луѓето кои можеби ќе бидат ваши потенцијални соработници.
  • Поголема можност да ја пронајдете вашата идна пракса или работно место.
  • …и многу други можности кои ќе ги откриете со самото ваше присуство.

За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна на настанот: www.jobfair.org.mk.

You May Also Like