Етно музејот во Мородвис (Зрновци) е изграден

Општина Зрновци ја заврши изградбата на Етно музејот во село Мородвис, каде што се откриени четири христијански цркви, меѓу кои и една од XI век кога Мородвис бил епискоспско седиште.

izvor panoramio

Инвестирани се средства во износ од три милиони денари добиени од Бирото за регионален развој, а општина Зрновци вложи 400 илјади денари сопствени средства.

– За опремување на Етно музејот  веке обезбедивме етнолошки материјал од населените места од подрачјето. Бидејќи сме со намера Музејот да има регионален карактер, се обративме до општините од Источниот регион и тие да партиципираат со експонати во опремувањето на Музејот, вели Блаже Станков, градоначалник на Општина Зрновци.

Изградбата на овој локалитет има за цел да даде придонес во развојот на алтернативниот селски и археолошки туризам. Етно музејот заедно со археолошкиот локалитет Моробиздон, ќе преставува интересна туристичка дестинација за голем број туристи од земјата и странство, потенцира Станков.

извор: Курир

You May Also Like