„Електра“ на култниот Жолдак премиерно во МНТ

На сцената на Македонскиот народен театар на 5 септември (петок) премиерно ќе биде одиграна претставата „ЕЛЕКТРА“ во режија на Андриj Жолдак, едно од најголемите европски режисерски имиња на денешницата.

Elektra_001

„Електра“ ќе биде изведена на 5 септември, во 20 часот, на отворањето на новата сезона во Македонскиот народен театар.Насловната улога ја толкува Дарија Ризова.

Инаку, покрај Ризова, за улогата на Орест, нејзиниот брат и син на Агамнемон е задолжен Александар Ѓорѓиоски. Звезда Ангеловска е Клитемнестра – нивната мајка, како Агамемнон и Еврипид ќе ги видиме Славиша Кајевски и Борче Начев, Огист е Никола Ацевски, Исус – Александар Михајловски, а во претставата се појавуваат и Арна Шијак, Анастазија Ташковска и Михаела Николовска.

Андриј Жолдак е добитник на наградата уметник на УНЕСКО во 2004 а во 2014 година се закити со наградата „Златна маска“ за режија која претставува највисоко признание од областа на театарот во Русија.

Elektra_021

Elektra_023

Elektra_034

You May Also Like