Поголема туристичка промоција на Струга

Струга е можеби единствен град во околината кој има река и езеро и има голем потенцијал да биде убав туристички центар, но локалната самоуправа треба да работи повеќе на негова промоција, смета заменик претседателот на Здружението на хотелиери (ХОТАМ) Крсте Блажески.

Struga Drim

 

Тој забалежа дека Струга, како град не е присутен ниту на европските саеми.

– На саемите присутни сме само како ХОТАМ, Охрид е често застапуван, но Струга не ја гледаме. Тоа треба да влезе во долгорочното плнирање на градот и да се најде кои гости ќе ни бидат таргет за овој град, како треба да изгледа, што треба да има, колку лежаи, хотели, ресторани,… има стандарди кои треба да се утврдат и да се проследат, рече Блажески, додавајќи дека на градот му е потребна долгорочна стратегија со подетални планирања за следните пет или десет години.

Покрај лошите временски услови на почетокот од турситичка сезона, Блажески е задоволен од исполnетоста на капацитетите и реализираните ноќевања.

– Ако сме на скала од еден до пет, за лето 2014 година главно може да се даде оценка четири плус. Задоволни сме, имавме малку потфрлувања, тоа беа временските услови во текот јули, но одма потоа се поправи времето и имавме значително подобрување на ноќевања и гости од сите околни земји, Холандија,…, рече Блажески.

Добрите временски прогнози за септември, додаде, придонесоа хотелите на охридско-струшкото крајбрежје да бидат букирани и целосно исполнети.

Потпретседателот на ХОТАМ и менаџер на хотел „Дрим“ најави дека почнале со стратегија и планирање за идната летна сезона. Според него, во хотелиерството на Охридското крајбрежје има три сезони – летна, пролетна и есенска, но и една „ниска“ во зимскиот период – декември, јануари и февруари.

– Пролетните и есенските сезони се, исто така, со позитвни оценки. Имаме многу кружни балкански тури, што последниве години се многу актуелни. Хотелските соби се исполнуваат на задоволително ниво, подвлече Блажески.

You May Also Like