Промовирани 9 тома на Павел Шатев во Софија

Синоќа во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија беа промовирани 9 тома од оставината на Павел Шатев.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Досега необјавуваниот пишан материјал од Шатев, предизвика големо внимание кај публиката во Софија. Оваа капитална едиција на великанот на македонската историја ја промовираа проф. Д-р Зоран Тодоровски, Предраг Димитровски, Нове Цветаноски и Васко Шутаров.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Промоцијата на оставината на Павел Шатев во Софија е реализирана во соработка на книгоиздателството “Македоника Литера”, Државниот архив на Р. Македонија и КИЦ на Република Македонија во Софија, а проектот е комплетно помогнат од Министерството за култура на Р. Македонија.

Оставината во 9 тома од Павел Шатев од денес се наоѓа во фондот на Библиотеката на нашиот Центар во Софија, со можност да бидат изнајмена за читање.

 

You May Also Like