Спортскиот центар „Борис Трајковски“ има новитет за престојаната сезона, а тоа е школо за ритмичка гимнастика.Овој атрактивен спорт е еден од најпопуларните спортски дисциплини на секоја Олимпијада.
СЦ „Борис Трајковски“, како центар за развој на спортот има цел да го поддржи прогресот на оваа уметничко – спортска дисциплина и да го донесе поблиску до јавноста и до сите оние кои се заинтересирани да тренираат спортска, односно ритмичка гимнастика.
Гимнастиката како и секој друг спорт, придонесува за правилен развој на детето, а често е и основа за да се подобри спортската издржливост и еластичност во другите спортови.
Во рамките на групата на спортски школи кои функционираат во спортскиот центар, се отвори оваа школа за девојчиња кои ги посетуваат тренинзите во втората аеробик сала која се подготви за типот на вежби за овој спорт. Се работи со специфични реквизити, поради кои е атрактивна и забавна ритмичката гимнастика и децата вежбаат со топки, чуњеви, ленти, хулахоп и јаже. Девојчињата ги обучува Сузана Јовановска – Рајковчевска која е професор по гимнастика, а во јануари 2013 се планира да дојде тренер од Русија.