Во НУ Музеј на современа уметност во Скопје, во тек е едукативна работилница за ученици и студенти организирана од одделот за едукација.
Шеесетината учесници на работилницата најнапред ги посетија изложбите на уметниците Борка Аврамова, Марина Лешкова и Игор Јосифов, кои се поставени во Музејот во текот на септември и октомври.
За време на работилницата, учесниците низ разговор ги анализираат и обработуваат делата на уметниците, а потоa творат сопствени дела инспирирани од нив.
Со проектот се опфатени повеќе целни групи почнувајќи од основното образовние, средното, како и студенти. Тие ги учат сликарските техники акрил, акварел, како и вајарство, фотографија, а дел од проектот се и напишаните анализи на делата.
Во работилницата учествуваат ученици од ОУ „Браќа Миладиновци“, училиштето „Нова“, Интернационалното средно училиште, ДУПУ „Лазар Личеновски“ и студенти од Архитектонскиот факултет при УКИМ.
Делата од работилницата ќе бидат прикажани на изложба и ќе бидат претставени во каталог.
Организатор на работилницата е Виолета Савевска, кустос во Одделот за едукација.