„Духот на еврејскиот хумор“ е настанот со кој вечер (среда, 5 септември, 2012 година) во Сули Ан ќе биде одбележан Европскиот ден на еврејската култура. Организатор на настанот е Еврејската заедница во Република Македонија.
Пред публиката ќе настапат актерот Нино Леви со свое „стенд ап“ комично шоу и камерниот хор на Еврејската заедница на Република Македонија.
Европскиот ден на еврејска култура е пан-европска манифестација што традиционално се одржува првата недела во септември во голем број европски градови. Иако Комитетот на меѓународната организација ја избира темата секоја година, организатприте на Европскиот ден сами ги креираат програмите за секоја земја. Во Македонија овој ден се одбележува по седми пат.