Денеска (22 септември 2014 година, понеделник) во 20:00 часот во Младинскиот културен центар ќе биде отворена изложба на астрофотографија „Небото над Македонија“.
На изложбата ќе бидат претставени фотографии од членовите на „Скопското астрономско друштво“ направени на различни локации низ Македонија. Целата е да се пренесат убавините и инспиративните глетки кои можат да се забележат на ноќното небо со голо око, фотоапарат или телескоп.