Дуке Бојаџиев со уште едно меѓународно достигнување. Неговата композиција „Тhe Truth“ („Вистината“) од албумот “Digital Confessions” (2004) е селектирана за 14-то издание на престижната светска музичка компилација “Buddha Bar”. Композицијата на Бојаџиев е всушност тема за пијано и оркестар во модерна изведба.
Темата на новиот двоен албум од серијалот „Буда Бар“ е „Индија“, селекцијата е на DJ Ravin, а и на ова издание гостуваат голем број признати светски музичари. Излегувањето е најавено за 23 април во почетен тираж од 30.000 примероци, како и он-лајн опција за купување.
Појавувањето на најновото издание на “Buddha Bar” за Бојаџиев е само продолжување на учеството на популарни светски компилации, како „Chill out in Paris 4, 5 & 7“, „Marrakech Express 2“, „The music from FASHION WEEK 5“, „Styled in Italy“, „Ram Café 4“ и многу други.
Инаку, во пресрет на издавањето на својот нов албум „Сон. Верба. Љубов.“ (“Dream, Faith. Love.”) Дуке Бојаџиев минатиот месец настапи во клубот Дром во Њујорк.