Министерството за култура на Република Македонија ги информира граѓаните, дека поради изведување на работи околу ентериерното уредување на галерискиот простор и на терасата, „Порта Македонија“ќе биде затворена за посетители, во период од околу 2 месеца.
Граѓаните ќе бидат дополнително информирани за датумот, кога „Порта Македонија“ ќе биде повторно отворена за посета.