Државна лотарија на Македонија продолжува во свој дух, да ги радува среќните играчи. На стартот на септември нашиот среќен круг добитници го збогативме со уште едно семејство. Промотивни активности на Државна лотарија на Македонија на Пиволенд 2012 пред СЦ Борис Трајковски, беа збогатени со доделувањата на премијата во Инстант лотаријата Смајли.
Татјана Јовановска е охриѓанка која живее во Скопје. Таа е новата добиничка на Скутер.Својата среќна картичка Смајли ја купила во Карпош 4. Ја чувала два дена, па одлучила да ја провери својата среќа. Нејзините дома се смееле на трите знакчиња Смајли, не знаејќи притоа дека тоа всушност е премијата- скутер. Дилемата била решина кога Татјана проверила што е нејзината добивка.
Инстант лозот Смајли, Државна лотарија на Македонија го понуди во април годинава за сите кои се чувствуваат млади во срцето. Со овој лоз ја славиме 20-годишнината на емотивниот смајли и уметноста на графитите. За само 30 денари може да го освоите скутерот од соништата -Aprillia SR 50, Gilera Runner 50 или Vespa LX 2T. До овој момент имаме девет среќни добитници на скутер. Во игра се уште 25 скутери, покрај бројните парични добивки.
Со рекордни уплати, зголемено учество во игрите на среќа и бројни поголеми и помали добивки продолжуваме да ги радуваме играчите на игрите на среќа во Државна лотарија на Македонија. Нашиот промотивен караван овојпат ги надополни содржините на Пиволенд 2012, каде на нашиот штанд донесовме вистинска живост и радост, надополнети со бројните подароци за верните играчи – маици, капи и други брендирани материјали на нашиот штанд. Штандот на Државна лотарија е поставен во соработка со мобилна продажба Тобако.
За добро, Државна Лотарија на Македонија
(комерцијален текст)