Синоќа (сабота, 29 декември, 2012) во народниот театар „Антон Панов“ во Струмица премиерно беше изведена претставата „Волшебникот од Оз“.
Режисер на претставта е Димо Димов од Бугарија, а главните улоги ги играат Јулија Милкова и Васил Стојанов – Трн.
Со детските претстави „Волшебникот од Оз“ и куклената претстава „Јованче и Марика“, Народниот театар годинава ги прави првите чекори за враќање на младата публика во театарот.
Претставата „Волшебникот од Оз“ ќе биде на репертоарот во текот на претстојните празници и за време на зимскиот распуст.