Домашен театар

Театарот е многу важен за развојот на детето. Куклениот театар, секогаш е добра забава за најмалите. Ако имате желба, може да си направите домашен театар, сцена со кукли… не е премногу комплицирано, а сигурно ќе ви се допадне.

Корисни совети, како да си направите сцена за театар во домот :

– Ќе ви треба една голема кутија(на пример, од некој ел. апарат). Ако немате, може да побарате во најблиската продавница, веројатно нема да ве одбијат, зошто многу од кутиите кои ги имаат, одат на ѓубре.

– Направете голем отвор на едната страна од кутијата, кој ќе служи како заден дел на театарот.

– Измерете околу 15 см. од горниот дел на спротивната страна и исечете првоаголник. Треба да биде доволно голем, за да може да се собере едно дете.

– За да биде позабавен, декорирајте ја кутијата со различна хартија во бои…може да додадете и украси по ваш избор. Дизајнот на кутијата зависи од вашата фантазија.

– Земете ластик со должина на предниот отвор на кутијата и позврзете ги двете страни. На ластикот закачете платно, кое ќе служи како завеса, која ќе се спушта од двете страни…

– Се што останува е да измислите содржина, во која ќе биде вклучено и вашето дете.

Какви кукли да користиме?

Преку куклениот театар децата ја развиваат фината моторика, фантазијата и артистичниот начин на мислење. Во оваа возраст фината моторика е сеуште слабо развиена…затоа може да почнете со игра, која ги содржи играчките и киклите- мечиња, колички, кукли…кои децата веќе ги имаат. Подоцна може да вклучите и попрости кукли како чорапи за раце и сл… Може да ги изработите сами, има безброј туторијали на интернет. Може да користите и музика како дел од вашата театарска представа…

Туторијал за кукла од чорапи

– Одберете некој чорап, кој не е подолг од лактот на раката, за да биде удобен за носење. Бојата може да биде по избор.
– Најдете две копчиња во иста боја и зашијте или залепете ги за петата на чорапот.
– Сега облечете го чорапот на вашата рака и направете ја како уста.

Глас

Оставете го детето само да импровизира со гласот и да се “преправа“ така, како што осеќа дека куклата треба да глуми. Ако користите кукли за раце, природна тенденција е да ја затворате раката – устата на секоја кукла.

Најмалите деца немаат потреба од премногу стилизирана сцена, зошто тие знаат сами да си измислат приказни и да импровизираат.
За малку поголемите, кукленото шоу, направено од родителите во домот, е многу добра алтернатива на телевизијата или компјутерот. Децата знаат вистински да се забавуваат кога разговараат со овие кукли или кога тие им одговараат.

Експертите велат дека, куклениот театар во домот е одличен начин за децата да се изразат. Куклите често се користени од самите детски психолози за терапија преку игра.

Театарот може да биде голема страст за секој од нас. Ако еднаш влеземе во тој свет, знае да не натера да размислуваме, да се смееме, да плачеме, да не маѓепса. Тој може да не промени, не тера да бидеме силни и да веруваме во чудата. Театарот е магија, како за возрасните, така и за децата… свет од кој тешко може да се излезе… зошто секогаш нешто не влече кон него.

Л.Ѓ.

You May Also Like