Вечерва (28 мај, вторник) во Културно-информативниот центар, во Салон 19, 19 во 20:00 часот ќе се одржи концерт на Стојан Димов, кларинет, и Рита Трпчева-Поповиќ, пијано.
На програмата ќе бидат изведени дела од Пуланк, Дебиси, Стравински, Шосон, Лутославски и Баси.
Стојан Димов, роден во Белград, дипломира на ФМУ во Скопје во 1981 година, каде што во 1992 година завршува и постдипломски студии. Во периодот од 1981 до 1983 година престојува на специјализација на Музичката академија во Загреб. Освен како солист, повеќе години дејствува и во камерно дуо со пијанистката Рита Трпчева-Поповиќ.
На своите концерти низ земјава и надвор од неа се претставуваат со дела од т.н. челичен репертоар за овој вид дуо, но внимателно следејќи ги новитетите на моменталниот тренд на светските музички едиции, со што се здоби со крајно рафинирана програма во која се застапени сите епохи и жанрови. Тие се воедно промотори на домашното музичко творештво.