Во Музејот на современата уметност во Скопје секој петок и сабота од 18:00 часот ќе има проекции на документарецот „Архитектура на сеќавањата – споменици на Богдан Богдановиќ“, чиј автор е Рајнхард Зајс.
Филмот трае 125 минути и се прикажува по манифестацијата по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на архитектурата (29 јуни) кога беше претставен проектот „Богдан Богдановиќ – проколнатиот архитект“.
Во организација на Музејот на Белград и БИНА (Белградска интернационлна недела на архитектура). Центарот за архитектура во Виена и Архитектонскиот факултет во Белград го реализираа ретроспективниот приказ на творештвото на овој прочуен архитект, педагог, проучувач на градот, скулптор.
Поради зголемениот интерес за посети, Музејот на современата уметност неодамна го продолжи работното време во петоците. Наместо до 17:00, Музејот ќе работи до 21:00 часот.