Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ при Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“ со претставата „Антица“ според Ристо Крле, а во режија на Бранко Брезовец, гостуваше деновиве на 26-тиот меѓународен фестивал „Еуроказ“ во Загреб, Хрватска.
Прилепчани велат дека претставата била прифатена од хрватската публика, која долго им аплаудирала на актерите. Реакциите биле дека се работи за одлична музичка претстава, како и за многу добар ансамбл.
Годинешниот фестивал „Еуроказ“ беше посветен на музичкиот театар.
Претставата „Антица“ пред десетина дена ја прикажаа на „Скопско лето“, а минатата година со истата престава учествуваа и на фестивалот „Еуросцена“ во Лајпциг.