Промоција на нова книга од Димитар Мирчев

Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ денеска ( 14 октомври, вторник) во 18:00 часот ќе се одржи промоција на книгата „Ферментација на демократијата и на нацијата – сите македонски пролети од 1943 до 1993 година“ од проф. д-р Димитар Мирчев.

kniga book

 

Ферментација на демократијата и на нацијата – сите македонски пролети од 1943 до 1993 година“ од проф. д-р Димитар Мирчев е издание на издавачката куќа „Силсонс“од Скопје. За најновото остварување на авторот ќе говорат амбасадорот Ристо Никовски и проф. д-р Далибор Јовановски.

Димитар Мирчев беше професор по политички науки, надворешна политика и меѓународни односи. Тој е поранешен проректор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, наставник на повеќе наши и странски универзитети. Како амбасадор во Словенија и во Светиот престол во 1998 г. го доби од Папата Јован Втори највисокото одликување за неговите заслуги и дејност во дипломатијата, мирот и разбирањето меѓу народите. Автор е многубројни трудови, учебници, монографии, студии и истражувања, посебно за нашиот политички живот. Добитник е на највисоките државни награди за остварувањата во областа на науката, образованието и културата – “Свети Климент Охридски” (2006) и “11 Октомври” (2012)

You May Also Like