Завесата на најстариот фестивал на кинематограферите во светот, Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“-Битола, беше спуштена со светската премиера на македонскиот игран филм „Балканот не е мртов“ на режисерот Александар Поповски.
Сценариото на филмот е базирано врз драмскиот текст на Дејан Дуковски, кој е сценарист и на филмот заедно со Поповски и со Ана Ласиќ од Србија. Директор на фотографија е Дејан Димески, дизајнер на продукција е Свен Јонке, а автор на музиката е Кирил Џајковски.
Главните улоги во филмот ги толкуваат: Никола Ристановски, Драгана Костадиновска, Наташа Тапушковиќ-Шолак, а во другите играат и Раде Шербеџија, Благој Веселинов, Никола Ацески, Ертан Шабан, Сузан Акбелге и Сашка Димитровска.
Стартот на годинашното 33 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ го означи премиерата на филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски.