Денес (среда, 04.07.2012 година) на програмата на БИТ ФЕСТ – Битола ќе може да ги проследите следните настани:
Изложба: Борис Трагиќ „Корнатска једра“ – уметничка фотографија
КЦ Магаза 20:00 часот
Концерт на класика, рок – поп, симфониски оркестар при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“
Плато Дом на АРМ 21:00 часот
На концертот на ДМБУЦ Илија Николовски Луј ќе настапат 120 музичари меѓу кои Хорот,Симфонискиот Оркестар и групата Tang Long.
Програмa
1. Ј.С.Бах – Ариа
2. Карл Јенкинс – Адиемус (Song of sanctuary)
3. А.Вивалди Лето (Storm)
4. Џејмс Хорнер – Титаник
5. Вангелис – Conquest of paradise
6. The Beatles – Yellow submarine
7. “Танг Лонг” – A Fool’s Errand
8. Г. Ф.Хендел – Алелуја
9. Д. Шостакович – Валцер од џез свита бр.2
10. К.Орф – Кармина бурана
Монодрама „Сараевска свита“ – Дона Димовска Кантаровска
Народен театар 21:00 часот
Монодрама „Сараевска свита“ од Хелен Лукас во изведба на актерката Дона Димовска Кантаровска.
Монодрамата во режија на Багриана Попов ги раскажува приказните на две жени, едната босанка другата србинка. Тие споделуваат детали од нивните животи и загуби доживеани за време на нивниот живот под опсада. Нивните приказни исполнети со едноставност иако зборуваат за стравот сепак се исполнети со многу живописност, поезија и музика.
Незира/Милинка- Дона Димовска Кантаровска
Режија: Багриана Попов
Звучна обработка и ударачки иструменти: Елиса Гудрич
Музичар: Ерни Грунер
Сценграф: Адиане Чишколм
Светло: Ричард Вабре
„Како би било да се живее во град под опсада?
Одненадеж да се плашиш за сопствениот живот?
Да се плашиш кога твоите деца играат на улица/
За четири години…“
“Жени, една Босанка и Србинка, ги раскажуваат своите приказни за време на опсада во Сараево. Тие споделуваат мали детаил од нивните животи, и нивните загуби. Нивните приказни се едноставни и живописни, завиткани во поезија и музика.“