Во 30 минутниот филм се прикажуваат примери на објекти врз кои се извршени агресивни конзерваторски и рествараторски зафати како Мустафа пашината џамија (XV век) во Скопје или пак конзерваторските работи кои се во тек како оние во црквата Света Богородица Перивлепта (XIII век) од Охрид и црквата Свети Ѓорѓи (XIV век) во Старо Нагоричане.
Филмот е резултата на активностите на Здружението „Македонида“ кое работи на заштита на најзначајното културно-градителско наследство односно на сакралното средновековно наследство.
По премиерната проекција на филмот „Зачувување на светото културно наследство на Македонија“ на 16 мај (среда) во Менада со почеток во 19:00 часот, предвидена е дискусија со сценаристот и режисерот д-р Панче Велков.