Нов спот на Денис Мурат за „Сонувам“

Музиката и аранжманот на „Сонувам“ се на Нино Васков, текстот е на Сања Николиќ, а придружен вокал во песната е финалистката на „Македонскиот идол“, Билјана Ѓошева.

Спотот за вториот сингл на Денис изобилува со скапи возила, луксузни вили, богати елементи како дел од прказната за богатиот бизнисмен обезбедуван од телохранители. Во видеото за „Сонувам“ настапува Гоце Мојсоски кој беше во Топ 20 на интернационалниот избор за машка убавина годинава.

Видео записот повторно е во продукција охридската продуцентска куќа Sustain Entertainment, а режијата е на Даниел Јовески.

 

You May Also Like