Хепенинг по повод Денот на Европа во Скопје

Денес (сабота, 12 мај) во Градскиот парк со неколку настани и активности беше одбележан Денот на Европа.


Македонската и химната на Европа ја изведе детскиот хор „Менада“, a настапија и „Фолтин“, Тони Зен и бендот „ Fullstop“. Во рамки на хепенингот беше одржан и шаховски турнир, организиран во партнерство со шаховските клубови од Скопје, а како дел од активностите за ЕГ 2012-Европска година на активно стареење и солидарност помеѓу генерациите. На настанот беа присутни и деца од основните училишта и градинките од десетте скопски општини.

Организатор на хепенингот беше Kанцеларијата на Европската мисија во нашата земја. Пред присутните говореа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателот на Делегацијата на Европската Унија, Аиво Ора.

Градот Скопје и ЗЕЛС веќе една година имаат своја канцеларија во Брисел преку која се презентираат идеи за проекти и иницијативи кои директно ги отсликуваат потребите на граѓаните, а се промовираат и основните постулати на Унијата- демократија, почитување на човековите права, владеење на правото, мирот и солидарноста.

 

 

You May Also Like