Доделување на наградите за најдобрите музеи

Свеченото доделување на наградите на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите МНК ИКОМ по повод „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“ е закажано за денеска (31 мај 2013, петок) во 12:00 часот во Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

 

 

Според Комисијата на  Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите МНК ИКОМ за доделување на наградата „18 Мај – Меѓународен ден на музеите“ за проекти и активности во доменот на истражувањето, презентацијата и популаризацијата на културното и природното наследство, реализирани во 2012, најдбри за 2012 година се:

– Наградата Музеј на годината се доделува на ЈУ МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ.
– Наградата Музејски проект на годината се доделува на НУ НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА за проектот „Васил Василев: Скулптура и цртеж (1967-2012).
– Наградата Музејски работник на годината да се додели на Наде Геневска Брачиќ, етнолог, кустос-советник во НУ Завод и музеј Битола.
– Во категоријата надворешен музејски соработник наградата е доделена на Весна Ивановска Илиевска, новинар во весникот Дневник.
– Посебна ПОФАЛНИЦА за извонредни повеќегодишни напори и активности за основање и отворање на ЛУ Градски музеј-Крива Паланка  е доделена на директорот Драган Величковски.

You May Also Like