Бела ноќ 007 на 17 септември

Со отворањето на изложбата  „COUNTER PHOTOGRAPHY“, фотографии, дела на единаесетмина современи јапонски уметници, во Музејот на Град Скопје, на 17 септември 2011 година, во 20:00 часот, свечено ќе биде отворена Бела Ноќ 007.

Седмата по ред Бела ноќ, традиционална манифестација на Град Скопје, и годинава ќе има богата програма. Вљубениците во уметноста ќе можат да уживаат во нејзините содржини,  наменити за сите генерации,  на различни локации во централното градско подрачје.

Во реализацијата  на програмата на најдолгата културна ноќ во Скопје,  и годинава  ќе бидат вклучени осумте градски институции (Музеј на Град Скопје, Младинскиот културен центар, Детски културен центар Карпош, Универзална сала, Библиотека Браќа Миладиновци, Културно-информативен центар Дом на културата Кочо Рацин, Зоолошка градина, Музеј на Македонија и Старата скопска чаршија.

Во рамките на ,,Бела ноќ“, традиционално и годинава ќе се одржи популарниот Streetball кошаркарски натпревар, класичен турнир натпревар по нокаут-систем, меѓу мешани кошаркарски екипи (женски и машки) од  средните училишта на Град Скопје.

 

ПРОГРАМА  ЗА „БЕЛА НОЌ“ 007

Музичка програма

– Во 20:00 часот во МКЦ почнува журката посветена на Дејвид Боуви којашто  ќе трае цела ноќ.
– Во ЈУ Дом на Културата “Кочо Рацин” со почеток во 20:30 часот свој настап ќе има гудачкиот квартет Фор Стринг и етно групата Ајдарет.
– Љубителите на современата етно, џез, рок, инди и панк музика веќе во 21:00 часот пред платото на КИЦ ќе имаат можност да се забавуваат заедно со “SILICON CARNE” (Дижон), “ ФОНИЈА” (Скопје), “THE GLASSES” (Приштина).
– За првпат во Скопје и воопшто на Балканот незаборавно шоу ќе приреди светската мутимедијална акробатска атракција Grupo Puja, па сите коишто сакаат да бидат дел од огромниот спектакл во 21:30 часот треба да се на Плоштад Македонија.
– На истата локација свој сет ќе има и Диџеј Славе, а целовечерната диџеј програма на независното интернет радио МОФ ќе почне во 22:00 часот, а ќе се одржи на Школка, Градски парк.
– Посебен шарм  на годинешнава музичка програма на Бела Ноќ ќе и дадат градските улични музичари коишто ќе имаат целовечерна музичка сесија низ градот.

 

ПРЕОСТАНАТИОТ ДЕЛ  ОД ПРОГРАМАТА ГИ НУДИ СЛЕДНИВЕ СОДРЖИНИ:

GRUPO PUJA!

+ Диџеј Славе Новата  Манџа од Старата  школа

Театар, музички настап, концерт, циркус, динамични спортови, танц, повеќе од 200 шоуа во Европа, Америка, Јужна и Северна, Азија…

Плоштад Македонија / 21:30

 

„ЦВЕТОВИ ВЕТЕРНИЦИ”

Осмолисни ветерници  во форма на цветови поставени  долж Kамениот мост, проект на архитектот Крсте. С. Џидров

Камени мост / 19:00 часот

CINE CITY
ноќно кино под отворено небо на огромно платно (15 x 10м)

Филмски маратон

За љубителите на филмот, селекција на најдобрите европски филмови  прикажани на минатогодишниот фестивал на европски филм СИНЕДЕЈС 2010:

Кавасаки  Рози (драма, Чешка) 20:00
Режија: Јан Хребејк
Улоги: Ленка Власакова, Милан Микулцик,Мартин Хуба

Тилва Рош (драма, Србија) 21:30
Режија: Никола Лезаиќ
Улоги: Марко Тодоровиќ, Стефан Ѓорѓевиќ, Дуња Ковачевиќ

Ај  Лав Ју (комедија, Турција) 23:00
Режија: Сермијан Мидјат
Улоги: Фадик Севин Атасој, Сермијан Мидјат, Кејт Гил

Ќе  сретнеш висок  згоден странец (комедија/романтика, САД) 00:30
Режија: Вуди Ален
Улоги: Ентони Хопкинс, Наоми Вотс, Џош Бролин

Мисија  Лондон (комедија, Бугарија) 01:00
Режија: Димитар МитковскиDimitar Mitovski
Улоги: Томас Арана, Алан Форд, Ралф Браун

Градски Парк / 20:00

КИНО  МИЛЕНИУМ / КИНО ФРОСИНА
24 ЧАСА БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ НА ФИЛМСКИTE МАРАТОНИ

Филмски маратон

Прикажување на најголемите  светски филмски мегахитови, како и најдобрите европски филмски остварувања од изминатиот репертоар на градското кино Милениум  и единственото арт кино Фросина.

Филмови на репертоар  во кино Милениум:

Коли – 2 12:00
Механичарот 14:00
Ученикот на Волшебникот 16:00
Мармадјук 18:00
Лошата учителка 20:00
Хана 22:00
Јас сум бројот 4 00:30
Вонредни мерки 03:00
А –Тимот 05:30
Хана 08:00
Коли – 2 10:30

Филмови на репертоар  во кино Фросина:

Имагинариумот на доктор Парнасус 12:00
Авантуристи 14:30
Концертот 17:00
Перси Џексон и Олимпијците – Крадецот на громот 19:30
Свештеникот 22:00
Битка – Лос Анѓелес 00:00
Гуливеровите патувања 02:30
Што уште сакам 04:30
Влез во празнина 06:30
Салт 09:30
Самотијата на простите броеви 11:30

Доколку ненамерно  сте ги пропуштиле, повелете на филм! Влезот е слободен.

Кино Милениум, Кино Фросина / 12:00

„У ЛИЧНА АЗБУКА” – инсталација
Проект на уметничката група IDДИ на Искра Андреева и Данило Мандиќ

„У лична азбука“  – инсталација во урбан простор. Првенствено, улична азбука претставува  азбука која се наоѓа на улиците, па така, 31 буквa од македонската кирилична  азбука ќе бидат испишани на улица, тротоар или некој „градски ѕид“ во централното градско подрачје. Проектот е дискретно, лично писание  на авторите, кои инспирирани од “Бушавата азбука” се обидуваат  да ги означат точките во Градот, врзани со нивните лични искуства, чувства, меморија, носталгични моменти… за тие локации или за одредени зборови, што е всушност и второто  значење содржано во името на овој проект.

Ширум градот, во текот  на целиот ден.

STREET MUSIC SESSION
во соработка со Универзалната сала

Градските улични музичари во целовечерна музичка сесија ширум  градот.

Ширум градот, во текот  на целиот ден.

„МИЛОНГА ВЕЧЕР”

Отворен простор за дружење и танцување на сите страстни вљубеници на аргентинското танго  во соработка со неформалната групација  Танго Банда.

Плато пред стоковна куќа „Мост” / 20:00

TODAY’S FASHION

Видео и видео арт, концерти и диџеј настапи, цртеж, графички дизајн, филм, фотографија. Ноќ  за запознавање со современата македонска уметничка сцена.

Музеј на Град Скопје / 20:00

COUNTER PHOTOGRAPHY
Јапонските уметници денес

Желбата да се долови светот невидлив за човековите очи  – светот на духот. Традиционалниот  јапонски пристап кон животот  изразен преку изложба на фотографии на единаесетмина современи јапонски уметници.

Музеј на Град Скопје / 20:00

„МОЈОТ ГРАД, МОЈА СЦЕНА“
Проект во соработка со Центарот за драмски уметности Т-Хаус

Изложба на постери  изработени по селектирани фотографии од конкурсот “МОЈОТ ГРАД, МОЈА СЦЕНА”

Улица Македонија / 18:00

„SILICON CARNE” (Дижон) / „ ФОНИЈА” (Скопје) / „THE GLASSES” (Приштина)

Концерт на современа  етно, џез,рок, инди…музика.

Кул парк пред КИЦ / 21:00

„507 375 153”

Видео арт презентација Јаш Домиж (Чешка)
Ла Кања (Чаршија) / 20:00

„BORN WITHOUT A REASON”

Видео арт презентација Милица Ракиќ (Србија)

Ла Кања (Чаршија) / 20:00

„ЈУЛИЈА”

Театарски танц перформанс (Музеј Љубљана) инспириран од делото на Август Стриндберг „Госпоѓица Јулија”

Плато зад спомен куќата на Мајка Тереза / 20:00

КЦ  КреАКТИВ

Изложба на фотографии, проекции на музички концерти, светлосни  графити…

20:00

НОЌНА ТУРИСТИЧКА ВЕЛОСИПЕДСКА ПРОШЕТКА

Организирана велосипедска туристичка обиколка на културно историските  знаменитости во Градот, со официјален туристички водич.

Место на поаѓање –  градски Плоштад Македонија. 18:00

„СЕМЕ”

Театарска претстава  посветена на најмладата публика  во изведба на театарска трупа  “Сенки и Облаци”.
Галерија 8, (Чаршија) / 21:00

МОФ Радио

Целовечерна диџеј  програма на независниот интеренет  радио МОФ.

22:00 – 00:00 Argeadi b2b Tanimed [Beatnex]
00:00 – 01:30 Nerses Malakjan [Fat Beats]
01:30 – 0300 Frosty b2b Satelite [Digital Dance]
03:00 – 04:00 Djantrix [G.E.N.]

Школка, Градски Парк / 22:00

„ENCHANTED BIKE”

Изложбата на тема “Опеан Велосипед” на неколку познат реномирани италијански уметници меќу кои Силвија  Фосати, Луиџи Бионди, Гидо Дел Фунго, Гидо Палмеро и Летиција Стрињели во чиј фокус се наоѓа велосипедот  и имагинацијата поврзана со него. Изложбата доживеа невиден успех  во италијанскиот Музеј на Велосипедот,музеј  посветен на светските познати велосипедисти  како Фаусто Копи, Костанте Џиардењо и  Џино Бартали.

Галерија ДЛУМ Дом  на Армија

„In the name of…”, „Изгубениот дел  од рајот” и „Кога ангелите плачат”

Изложба на лик. уметник TARA(von Neudorf) (Романија)
Изложба на лик. уметник Нехат Бекири и изложба на лик уметник Линдита Бекири

Културно Информативен Центар – Скопје, Салони Империјал 1 и 2 / 20:00

LET’S DANCE!
Проект во соработка со Tiiiit! Inc Ноќ – посветена на David Bowie

Замислете си кино на отворено во Скопје и како ве разденува  гледајќи го Labyrinth. Замислете си журка  во Скопје на која сите, ама баш сите играат и која трае цела ноќ, ама  баш цела ноќ… и цело време, свири David Bowie. Замислете си бои, сјај, мода, глам шминка и огромна диско топка. Си замисливте? Е па сега отворете очи. Ноќ, целосно посветена на култниот David Bowie.

МКЦ / 20:00

„СКОПЈЕ ВО СТРИП!”

Групна изложба  на стрип и илустрација со двочасовна стрип работилница во соработка  со Здружение на стрип уметници “Макстрипови”.

МКЦ Галерија / 19:00

„МАГИЈА ЕДЕЛВАЈС”

Мини ликовно –  театарски преформанс „Средба со уметникот“ и една целовечерна театарска  претстава „Магија еделвајс“  во изведба на Театар 007.

Универзална сала / 20:00

ЗОО градина Скопје

Специјална програма за деца и БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ за сите посетители.

„Гусарите од Горномаало”

Театарска претстава  посветена на најмладата публика
Плато пред спомен куќата Мајка Тереза / 19:00

ЈУ  Дом на Културата  „Кочо Рацин”

Настап на гудачкиот  квартет Фор Стринг, настап на студиото за модерен балет Ребис, концерт  на етно групата Ајдарет рок концерт  и изложба.

20:30

Градска библиотека Браќа  Миладиновци

Доделување на 100 бесплатни  едногодишни членски карти,подарок 100 електронски книги, музичко –  поетски перформанс со „Филип Стевановски  квартет“ и група поети.
20:00

ЈСП за Вас!

Кон епицентарот на градот, каде што ќе се одржуваат безбројни концерти, изложби, инсталации, видео проекции, филмски , перфоранси, бесплатни филмски маратони, мултимедијални спектакли, само за Вас, страстни,верни, автентични,непоколебливи, искрени… ОБОЖУВАЧИ НА УМЕТНОСТА, ЈСП од 19:00 часот до раните утрински часови ширум ги отвора вратите на старите и новите нископодни и двокатни автобуси за БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ. Линијата бр.8 од 12:00 часот напладне , којашто сообраќа кон ЗОО, исто така ќе вози со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ.

You May Also Like