Доделување на наградата „26 јули“ на УКИМ

Утре (16 септември 2014,вторник) во 12:00 часот, во аулата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи свечено врачување на наградата „26 јули “ од Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија.

filosofski fakultet ukim

Добитници на наградата ќе бидат 6 најдобри студенти од Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Факултетот за ликовни уметности за учебната 2013/2014 година.

По завршувањето на манифестацијата на доделувањето на наградата „26 јули“, ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондацијата „Македоника“ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел за создавање и развивање на најголема е-библиотека на универзитетски учебници на македонски јазик.

You May Also Like