Промоција на поетската книга „Ќе“ од Мане Манушев

Денеска (среда, 9 април), со почеток во 20:20 часот,на Плато на МКЦ, ќе биде промовирана поетската книга на Мане Манушев насловена „ЌЕ“, издавач Антолог. Читачи „ЌЕ“ се млади поети, музиката „ЌЕ“ е авторска на Сашко Костов.

KE naslovna

Манушев е роден 1983 година во Велес. Дипломирал Општа и компаративна книжевност. Има настапувано на Струшките вечери на поезијата, добитник е на наградата Енхалон за најдобра песна од млад поет за 2013. Дел е од антологијата на најмладата македонска поезија и проза Ветерот носи убаво време, објавуван е во повеќе зборници. Пишува и кратки раскази, активно се занимава со проучување на ирската култура. Привремено престојува во Лондон.

Критичарите рекоа :

„ Каква литературна реткост. Поезијата на младиот поет Манушев доаѓа како молскавица, жесток изблик на понорница на карпа. Со премногу вистина во стихот. Со крик на парадокост на реалноста низ поетската форма но современа и бескомпромисна.“
м-р Дејан Здравков

„ Иако „ќе“ граматички го дефинира времето, во стиховите на Манушев оваа партикула се обидува да го проектира просторот.
Поетскиот ракопис на Мане Манушев „Ќе“ ја манифестира и потребата за една приказна која има своја проекција таму некаде утре, задутре … во иднината. Читателот пред себе има е една од тие приказни кои мораат да бидат раскажани, а со нивното читање и допишани.“
д-р Весна Мојсова – Чепишевска

„ Поетскиот ракопис на младиот Мане Манушев го свртува вниманието врз себе со нековенционалниот потход и со необичниот тематски комплекс во кој вибриираат слики од младешкиот живот, натопени со една трауматична, предапокалиптична атмосфера на нашата современост.“
д-р Соња Стојменска Елзесер

You May Also Like