Манифестација „Брзо сликање“ во Прилеп

Под мотото „Уметниците по повод Осми март“, утре (петок 7 март) во Центарот за култура „Марко Цепенков“ од 11:00 до 14:00 часот, ќе се реализира традиционалната манифестацијата „Брзо сликање“.

CK Marko Cepenkov-Prilep (copy)

На настанот, кој е по повод Меѓународниот ден на жената, ќе сликаат осум уметници – членови на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп.
Прилепскиот центар ќе ја реализира манифестацијата по петти пат, а создадените дела ќе бидат претставени на изложба.

You May Also Like