Крис Менџис е годинашниот лауреат на „Браќа Манаки“

Добитникот на два оскари Крис Менџис доаѓа во Битола како добитник на наградата „Златна камера 300″ за животно дело на 35то издание на ИФФК Браќа Манаки кое ќе се одржи од 13-19 септември.

EXTREMELY LOUD & INCREDIBLY CLOSE

Крис Менџис е жива легенда во филмскиот свет, роден во 1940 година, врвен светски кинематографер кој во последниве 20 години работел со светски ѕвезди како Роберт Де Ниро, Кејт Винслет, Кејт Бланшет, Џек Николсон и многу други.

Лабина Митевска директор на фестивалот истакна дека станува збор за светско има за човек кој има два оскари во 84та за филмот Полињата на смртта и за Мисија во 1986година.

Општина Битола, друштвото на професионални филмски работници на Македонија, Филмскиот фонд, Кинотека на Македонија, Министерството за култура и спонзори се главни чинители на овој фестивал кој ги поместува светски граници.

Вкупниот буџет од 200-250 илјади евра е годинава и неможам да кажам дека е доволно бидејќи со толку малку пари да напрвиме нешто вакво и да донесеме толку врвни имиња, рече Митевска.

На денешниот прес беше истакнато дека ИМАГО европската асоцијација на кинематографери на чело со Најџел Волтер годинава по трет пат во Битола ќе ја одржат главната конференција и на 17ти септември е најавено присуство на над 40 директори .

chris_menages_with_tim_roth

You May Also Like