Претстава „Разликите го чинат светот поубав“ во СОС Детско село

Претставата денеска во коорганизација со ЦИСВ Македонија „Разликите го чинат светот поубав“ во СОС Детско село …

detsko-selo

Во СОС Детското село денеска во коорганизација со ЦИСВ Македонија ќе биде изведена тетарска претстава насловена „Разликите го чинат светот поубав“.

Претставата е крунисување на проектот „Растеме под исто небо, а сепак сме различни“, во кој се вклучија повеќе од 50 деца од двете организации на возраст од 11 до 14 години. Тие низ игра и едукативни активности ги запознаваа меѓусебните разлики, при што, преку различни креативни форми како танц, музика, глума и изразно говорење ќе ги презентираат своите вештини.

Целта на заедничкиот проект е надминување на предрасудите и стигмите во однос на различните етнички групи, запознавање и почитување на меѓусебните религиозни, социјални и културни разлики. Активностите се одвиваа од март до мај оваа година во Скопје и Велес.

You May Also Like