Повик за учество во првата школа за лидерство ПОЛИТЕА

Повикот е отворен за сите кандидати на возраст од 18 до 26 години од подрачјето на Општина Битола.

 

skola_za_liderstvo_politea

Центарот за европски развој и интеграција објавува повик за учество во првата генерација на школата за лидерство и јавни политики ПОЛИТЕА.

Организаторите информираат: „Школата ќе се реализира во периодот од 10.11.2014 – 15.04.2015 и ќе се состои од теоретски и практичен дел, кои ќе се реализираат еднаш неделно во траење од два часа.
Преку учеството во школата учесниците ќе имаат можност да ги продлабочат своите знаења во областите на:
– Процес на креирање и имплементација на јавните политики на локално и регионално ниво
– Европска Унија – институции и политики и нивното влијание врз политичкиот систем на Р.Македонија
– Процес на интеграција на Р.Македонија во ЕУ и можностите што тој ги отвара за локален и регионален развој
– Предизвиците за човековите права во 21-от век
– Основи на персонален и деловен стратегиски менаџмент
– Маркетинг и интернет маркетинг
– Управување со граѓански организации
Преку практичниот дел на школата учесниците ќе имаат можност да ги усовршат своите вештини за:
– јавно презентирање и говорење
– застапување и лобирање
– проектно планирање
– користење на бази на податоци од јавен карактер
Во школата ќе може да земат учество 30 кандидати, а предавањата ќе бидат реализирани од истакнати академски работници и експерти од општествениот и реалниот сектор.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на адресата cedi.mk@gmail.com со назнака – АПЛИКАЦИЈА ЗА ПОЛИТЕА – најдоцна до 05.11.2014.
По завршувањето на рокот за пријавување селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Центарот за европски развој и интеграција и партнерите вклучени во проектот ги сносат сите финансиски трошоци поврзани со реализацијата на школата. После завршувањето на школата учесниците ќе се стекнат со сертификати за учество“ -велат организаторите.

You May Also Like