Концертот „Бисер песна и оро“ на „Танец“ е во рамките на годинашните Есенски музички свечености.
Вечер (вторник, 4 ноември) во 20:00 часот во Домот на АРМ концерт ќе одржи Националниот ансамбл за народни игри и песни на македонија „Танец“.
На програмата се:
„Ој ти Пацо Дреновчанке“
„Вено пиле“
„Што рекох моме прорекох“
„Ранила мома“
„Рано си станало девојче“
„Јосиф оро“
„Дали памтиш мило либе“
„Пукнала Маре треснала“
„Вино ми се пие“
„Војната тригодишната“
„Орекстарски сплет“
„Тамо далеку вода ми дотече“
„Сал си одам сал си питам“
„Филка мома“
„А бре воденичаре“
„Стар бел дедо овци пасе“
Ансамблот „Танец“ претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.
Веќе шест децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој Македонец.