ДЛУМ организира „Via Skopje to Venice carneval“

Друштвото за ликовни уметници на Македонија и Галерија 8 го организираат 2-от по ред бал под маски во чест на Венецијанскиот карневал. „Via Skopje to Venice carneval“. Карневалот ќе се одржи утре (07 февруари, 2013 година, четврток) со почеток во 21:30 часот во Галерија 8 – Безистен (Стара Скопска Чаршија) на истиот ден кога запоцнува и карневалот во Венеција.

Бидејќи Венецијанскиот карневал се одржува во месецот на љубовта и винито ние се заложивме да ги споиме забавата, естетиката , љубовта и виното на едно место“ – стои во нивното соопштение:

За оваа наша цел ќе се погрижат: за забавата Вера Јанковиќ, за естетиката нашите познати уметници, Стефан Хаџи Николов, Симонида Филипова Китановска, Касиопеја Наумовска, Марија Светиева, Маријета Сидовски, Милош Коџоман, Јулијана Гешоска, Илина Арсова, Решат Ахмети, Шкипе Мехмети, Тања Таневска, Жанета Велјановска, Жаклина Глигориевска, Наталија Пулејкова-Радеска, Дејан Иванов-Маргуш, Соња Димовска, Илијана Петрушевска, кои ги изработија маските за карневалот и кои ќе бидат понудени на продажба по цена од 300 денари за сите оние кои немаат идеја како да се маскираат, за сите оние кои ќе дојдат без маска, за сите оние кои сакаат да имаат едно поинакво уметничко дело во својата колекција изработено од овие автори. За љубовта ќе се погрижиме сите ние кои случајно или намерно ќе се најдеме во Галерија 8, а за виното нашите познати винарии“.

Задолжителна опрема која ќе гарантира добра забава – соодветна маска , позитивна енергија и убава насмевка.

You May Also Like