Роберт Алаѓозовски македонски претставник на „Кампот на идеи“

На кампот присуствуваат 50 учесници, културни активисти, уметници, менаџери во културата од 23 земји кои во текот на трите дена на собирот ќе дебатираат и ќе ги претстават своите проектни идеи за улогата на граѓаните во јавните простори.

Idea_Camp_marseille

 

Роберт Алаѓозовски е македонски претставник на големиот собир „Камп на идеи“, што во организација на Европската културна фондација се одвива од 23 до 26 октомври во Марсеј.

Низ неколку работилници овие идеи ќе се развиваат, интегрираат а најуспешните 25 ќе добијат грантови од Европската културна фондација да се реализираат како културни проекти.

Сакајќи да дејствува иновативно во сферата на културата на европско ниво, реномираната Европска културна фондација летово објави повик за идеи како заедниците да се вклучат во ре-обмислувањето на јавните простори. На повикот се одѕваа неверојатни 813 предлози од цела Европа, а за собирот во Марсеј, ЕКФ ги селектираше педесетте најинспиративни, најсмели и најиновативни идеи. Целта на собирот е да ги поврзе заинтересираните активисти, уметници и менаџери во културата да го развијат нивниот креативен потенцијал за да создадат нови социо-културни и демократски модели на употреба на јавниот простор. На собирот освен вмрежувањето и развивањето на проектните идеи работилници и презентации ќе одржат и неколку водечки имиња од културното милје на Европа за важни прашања, како ефектот на граѓанските акции во културата, потоа за општественото и културното претприемаштво, за хибридните културни институции, краудфандинг и краудсорсинг и тн.

You May Also Like