Љупчо Пановски: Туристите се воодушевени од нашата работилница

По што друго е познат Охрид освен по исконските природни убавини, големиот број туристички посети како и остатоците од поранешните 365 цркви? Има уште нешта за кои вреди да се проговори, бидејќи туристите но и научниците и истражувачи кога ќе дојдат да го посетат Охрид за прв пат, сигурни се дека има многу повеќе нешта за запознавање, откритија и археолошки и историски локалитети од она што е воочливо на прв поглед.

Во тоа речиси секој може да биде сигурен бидејќи Охрид е многу повеќе од туристички центар. Тој е пред се’ наше духовно светилиште во која сите посетители го чувстуваат препознатливиот мир и глетка која е вистински рај за очи.  Токму затоа, cOoLTuRa.mk  го имаше предизвикот лично да присуствува  во просториите на националната работилница Св. Климент Охридски лоцирана до Музејот на град Охрид (Куќата на Робевци) која има мисија да ја продолжува традицијата на рачна изработка на хартија, создадена во времето на Гутенберг.

Неговото откритие е клучната пресвртица во развојот на историјата, особено на печатените медиуми со оглед на тоа што се појавува во 1439-та, а прва книга која е испечатена со оваа техника и која останала најпродавана до денес е ниту помалку, ниту повеќе туку самата Библија, чија печатена верзија датира од далечната 1455-та, а само две години подоцна е отпечатена првата илустрирана книга во боја. Гутенбер починал во 1468-та, но неговиот лик и дело оставиле длабок печат во развојот на хартијата и појавата на писменоста со оглед на тоа што се создала практична и идеална можност за зачувување на најважните моменти од историјата на сите цивилизации што ја вбројува хартијата во редот на есенцијални и круцијални пронајдоци кои да не би биле сигурно не би се стигнало постепено по фази до денешниот степен на интелектуален развој на човекот како хомо сапиенс.

Ние ја имавме ексклузивната можност да разговараме лично со сопственикот на оваа печатница (Љупчо Пановски) во Охрид, една од седумте кои постојат во светот.

Секако не можевме а да го заобиколиме клучното прашање со кое го започнавме нашиот разговор т.е од кога датира оваа печатница и зошто токму  Охрид, а секако и поврзаноста на Македонија со оваа традиција на изработка на рачна хартија.

– Традицијата за изработка на хартија конкретно во Македонија почнува речиси век  и половина подоцна од пронадјокот на печатницата  татковината, т.е. Германија и тоа во втората половина на 16ти век во манастирот Свети Наум,а документот првично бил наменет за интерни потреби и отпечатен во ограничена количина. Оваа печатница во манастирот следи две традиции и тоа македонската и словенската. А националната работилница за рачна изработка на хартија ,,Св. Климент Охридски“ ја продолжува оваа традиција. Работилницата почнува со работа од 23.10 2002 година, што значи успешно фунционира веќе цели десет години. Особено задоволство претставува што работилницата ја отвори починатиот претседател на Република Македонија господинот Борис Трајковски – на кој ние му го дадовме првиот произведен и печатени лист хартија со портрет на Александар Велики. Нашата основна мисија и дејност е рачна изработка на хартија и производи од истата. Има туристички карактер, на посетителите им прикажуваме практично како се одвива изработката во неколку минути со познавање на историјата на хартија и методот на  печатење на Гутенберг.  Методот на печатење е идентичен  како првиот примерок од Библијата од 15 век. Овој прес метод е ретка и автентична копија на оригиналот, што е во музејот во Мајнц – Германија и воедно работи на ист начин. Морам да напоменам дека туристите од мигот кога ке влезат се воодушевени и речиси никој не заминува без барем еден примерок печатена хартија, а најчесто и со различни апликации кои исто ние ги изработуваме, а неретко и најразлични сувенири кои може да се најдат во нашата работилница.

Читателите имаа можност да се запознаат со вашата основна мисија и цели како и за карактерот на оваа работилница која има главно туристички намени исто како и поголемиот број обележја во Охрид независно од кој период потекнуваат. Збор два околу методот кој спомнавте дека се уште го негувате за рачната изработка на хартија и тоа во изворната форма а кој воедно го користел самиот Гутенберг.

– За изработка на  хартијата го користиме  методот, кој датира од 2 век п.н.е. во Кина, па CALD метод на гнездо на пчели. Оригиналноста на овој метод на хартија дава посебна уникатност и вредност. Се применува со вертикални сечкања на срцето на дрвото за малите конци – стрингови (60-80 микрони) со специфични агол. На аголот на сечкање поединечно се означени микроните и тоа е различно во секое дрво во зависност од возраста на дрвото .

Како практично фунционира овој метод кој  наликува на саќето на пчелите во и како им се чини тоа на вашите посетители.

– Некои велат дека осилото на пчела има  совршена природна структура. Плетењето е природно без користење на било какви  хемикалии, лепила, смола или други супстанции. Подготвената супстанција се става во во специјална дрвена рамка, со посебно сито (дрвено со метална мрежа) така што оваа супстанца од која се изработува хартијата се цеди од водата и потоа се поставува на површината на дрвената рамка. Листот се формира  (зависно од обликот на сито при што важно е да се напомене дека има 4 формати на сита). Ние ги користиме  сите на различен начин : памук, коноп, бамбус трска итн. Според нас најквалитенна е хартијата која произлегува од дрвото на цреша и неа најчесто ја користиме за хартиените листови кои после ставањето во рамка се сушат обично 23-31 ден, со мешање тие се природно во комбинација идентично како кога пчелата плете конци во гнездото.

Какви други предмети изработувате од хартија со оглед на широката палета на производи пред се сувенири кои се продаваат во вашата работилница?

– Па да правилно забележжавте. Ние имаме широк дијапазон на производи нешто како заштитен знак, а во прв ред тоа се апликациите кои ги ставаме на картија како 4-те евангелија и други извадоци од Библијата и животот на првите хриситијани со што овие производи сами по себе имаат автентична вредност, како и најразлични икони и фрески, слики на познати светци кон кои охриѓани и граѓаните од сите краишта во земјава и пошироко негуваат посебен пиетет. Потоа имаме тетратки со дебели кожни корици кои се наше производство, потоа различни апликации за моливи и други помагала, рамки за слики со мотиви од христијанството, беџови кои се особено популарни за младите, најразлични други школски предмети, црно бели слики и слични прозводи кои се прилично доста барани од нашите верни посетители кои наминуваат секогаш кога ќе бидат во Охрид.

За декорација на хартијата во коритото со супстанција ние ги користиме природните адитиви: суво цвеќе, свила од пченка, сламки од пченица, парчиња од дрво, делови од трска од езерото, гинко, магдонос, итн. За боење на хартија ние  користиме чисто  природни бои од вадење цвеќиња и лисја. Постојат 4 основни бои, а со мешавина добиваме околу 16 нијанси.

Колку чини едно парче хартија за сите вљубеници на сувенири кои сакаат да зачуваат едно парче за себе кое ќе ги потсетува на нивната посета во овој исконски град, како и приличната старост и оригиналност на вашата работилница.

– Па во просек, еден рачно изработен лист чини по едно евро, па се до евро и пол. Може да се каже дека листовите со отпечатени изведови од Библијата и евангелијата се движат до кај 3 евра, а исто толку чинат и хартиените листови со различни христијански мотиви и охридски пејсажи, како и фотографирани кадри од охридската архитектура. Малку поскапи се кожените тетрати или роковници кои се движат од 10 до  15 евра во зависност од големината.

 

Ивана Чичоска

You May Also Like