„Деца на сонцето“ на маркетот на Берлинале

Продуцентот на филмот „Деца на сонцето“, Дејан Милошевски, директорот на филмот Гоце Кралевски и режисерот Антонио Митрикески, деновиве престојуваат на годинашното издание на Берлински филмски фестивал.

deca na sonceto berlin 1

„Одиме на маркетот, каде ќе бараме меѓународен дистрибутер, како и да запознаеме преставници од светски етаблираните фестивали. Веќе имаме закажано неколку состаноци, има доста заинтересирани, така што се надеваме дека ќе оствариме доста средби и ќе се вратиме дома со добри резултати. Целта ни е не само за Европа, туку да успееме да го дистрибутираме филмот и во САД“ најавува Милошевски.

Филмот е готов, остана да се направи колор корекција и микс и до средината на март ќе биде целосно завршен. Филмската екипа, која стои зад проектот настојува премиерата да биде на некој фестивал од А категорија. Инаку, филмот е во времетраење од 88 минути дејствието е направено да биде гледлив и по стандарди на светската филмската индустрија.

„Со филмот настојувавме да допреме до вистината и до внатрешните немири на ликовите. Веруваме дека филмот ќе допре до публиката и критиката. Тој носи верба и надеж.“ вели Митрикески.

deca na sonceto berlin 2

Во потрага по копродуценти за филмот „Цар Самоил“

Тројцата филмаџии престојуваат во Берлин, не само поради остварување на контакти за филмот „Деца на сонцето“, туку се и во потрага по копродуценти за најновиот филм кој допрва треба да почне да се снима „Цар Самоил“ во режија на Митрикески, а продуцент и овој пат ќе биде Дејан Милошевски.

„Голема е заинтересираноста за овој проект, кој ќе биде на ниво на филмски спектакл. Во моментот веќе имаме закажано средби со продуценти од САД, Англија, Германија, Полска, Канада, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина се надеваме на добари исход“ велат Милошевски и Митрикески.

You May Also Like