„Деца на сонцето“ во потрага по дистрибутери на Берлинале

Продуцентот на „Деца на сонцето“ Дејан Милошевски, директорот на филмот Гоце Кралевски и режисерот Антонио Митрикески престојуваат на Берлинскиот филмски фестивал во потрага по дистрибутери за филмот.

deca_na_sonceto_plakat– Одиме на маркетот, каде ќе бараме меѓународен дистрибутер, како и да запознаеме претставници од светски етаблираните фестивали. Веќе имаме закажано неколку состаноци, има доста заинтересирани, така што се надеваме дека ќе оствариме многу средби и ќе се вратиме дома со добри резултати. Целта ни е не само во Европа, туку да успееме филмот да го дистрибутираме и во САД, вели продуцентот Милошевски.

Филмот е готов и до средината на март ќе биде целосно завршен. Останува да се направи колор корекција и микс. Планот е премиерно да биде прикажан на фестивал од А категорија.

– Трае 88 минути, дејството е направено да биде гледлив и по стандарди на светската филмска индустрија. Со филмот настојувавме да допреме до вистината и до внатрешните немири на ликовите. Веруваме дека филмот ќе допре до публиката и критиката. Тој носи верба и надеж, смета Митрикески.

Освен за остварување контакти за филмот „Деца на сонцето“, тројцата филмаџии престојуваат во Берлин и за да најдат копродуценти за најновиот филм „Цар Самоил“, кој допрва треба да почне да се снима во режија на Митрикески, а продуцент повторно ќе биде Дејан Милошевски.

Милошевски и Митрикески се надеваат на добар исход зашто има голема заинтересираност за проектот и веќе имаат закажано средби со продуценти од САД, Англија, Германија, Полска, Канада, Србија, Хрватска, Словенија и од Босна и Херцеговина.

You May Also Like