„Чоколадната земја“ по втор пат во Скопје

Од 13 февруари до 13 март во Веро-центарот по втор пат ќе се одржи „Чоколадната земја“, настан кој минатата година развесели многу љубители на чоколадото, им понуди можност за истражување на светот на чоколадото, споделување искуства и уживање во нивниот омилен десерт.

CokoLand

И оваа година со избор од над 1000 различни чоколадни производи од домашни и странски производители, бели, црни, чоколади со различни вкусови и разни додатоци, посетителите ќе имаат несекојдневна можност да уживаат во дегустацијата, промотивните цени на чоколадите, како и во специјалната и богата програма за најмалите.

“Чоколадото е еден од најпопуларните и најпрепознатливите вкусови во светот. Без разлика на возраста, сите сакаат чоколадо и со подеднаква страст уживаат во него.

Оваа година обезбедивме 9 излагачи, производители и дистрибутери на чоколадо. Креиравме и забавни игри и анимации за деца, кои ќе заминат одовде со прекрасни спомени и убави награди. Среќни сме што на нашите потрошувачи можеме да им приредиме ваква забава и глетка со бескрајно примамливи чоколадни производи, но и ние во Веро подеднакво им се радуваме на овие денови. Знаете како велат; Кога станува збор за чоколадо, отпорот е залуден…”, изјави во смеа Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро супермаркетите.

Во „Чоколадната земја“ во Веро-центарот потрошувачите ќе имаат можност да уживаат во чоколадите и слатките на Европа, Бамби, Мое колаче, Краш, , Кандид, Милка, Киндер, Најлепше жеље, Марс, Баунти, Милки веј, Твикс, Сникерс, Свис лион и Ритер спорт, Шотеген, Тофифи и многу други вкусови што ги обединуваат најавтентичните ароми и доживувања на сетилата.

You May Also Like