Изложба „70 години слободно Куманово“

Автор на изложбата е кустосот, советник историчар Јасмина Глигоровска од Националната установа Музеј – Куманово. Изложбата ќе ја отвори Зоран Дамјановски, градоначалник на општина Куманово.

izlozba_70_godini_osloboduvanje_na_kumanovo
Утре (11 ноември, вторник) во 13:00 часот во Кумановскиот музеј ќе биде отворена изложбата „70 години слободно Куманово“.

На изложбата ќе бидат презентирани фото – постери (70 х 100 см.) од развојот на Куманово, точно 70 години по ослободувањето на градот (1944-2014). Ќе бидат прикажани објекти од стопанството, образованието, културата, спортот, старата и новата градска архитектура, плоштадот, досегашните градоначалници, итн.

You May Also Like