„Со поглед убиваш“ е насловот на последниот сингл кој продуцентот и артист Роберт Билбилов го пушти во радио етерот деновиве како најава за излегувањето на неговиот втор по ред студиски албум насловен „Лице од насловна“.
Темата на која е автор самиот Роберт Билбилов, со текст на Сања Николиќ, е во препознатливиот за него Р&Б звук, а етник вокалите ги испеа Сања Лефкова.
– Новата песна е седми сингл од мојот втор албум „Лице од насловна“ на кој што ќе се најдат уште 12 нови нумери. Песната е одлична можност на публиката да и го доловам стилот кој ќе преовладува на целиот албум- изјавува Роберт.
Себична, Додека спиеш, соработката со ДНК – Отровна си, Ти си виновна – со Викторија Лоба, се само дел од хитовите кои публиката имаше можност да ги чуе од Билбилов по издавањето на неговото првенче „Јас те губам“, а истите ќе се најдат меѓу 19-те песни од новиот албум.
Промоцијата на „Лице од насловна“ е закажана за десетина дена.